• Иван Димовски

Ракометната Суперлига со сигурност ќе понуди интересна разврска, бидејќи освен трката за тронот, интересно ќе биде и во борбата за опстанок. Во саботната програма се одиграа три натпревари од плеј-аутот и еден од нив имаше изненадувачки епилог.
Лидерот Прилеп остана максимален и на свој паркет го совлада Мулти Есенс со 34-31 (18-16). Избраниците на Божидар Мојсов одиграа според планот, го надиграа младиот скопски ривал. Прво име во победата беше Владан Кастратовиќ кој даде осум погодоци, додека во таборот на Мулти Есенс се истакна Димитар Узунчев со десет гола.
- Комплетниот натпревар меѓу Прилеп и Мулти Есенс:
Вардар Неготино го одбрани домашниот терен и му го нанесе првиот плеј-аут пораз на Еурофарм Пелистер 2 со 24-23 (14-13). Неготинчани се радуваа во драмата против битолчани и си ги зголемија шансите за опстанок. Лазар Адамовиќ со девет гола го предводеше тимот на Вардар, додека кај пелистерци еден помалку даде Мирче Калајџиески.
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2:
Вистинска симултанка имаше Наум Костов, кој со 14 погодоци го водеше тимот на Куманово до домашна победа над Скопје 2020 од 32-26 (15-17). Иако скопјани тргнаа добро, паднаа во вториот дел и претрпеа пораз откако немаа решение за разиграниот Костов. Освен него, седум гола даде Радојчиќ, додека во Скопје најефикасни беа Мишевски со девет и Шокоски со осум гола.
- Комплетниот натпревар меѓу Куманово и Скопје 2020:
Прилеп е лидер на табелата во плеј-аутот со 11 бода, девет има Еурофарм Пелистер 2, седум Куманово, по шест Голден Аарт и Пролет, додека Мулти Есенс со четири е претпоследен пред Скопје кој има три.