Еурофарм Пелистер 2 со тест против РК Алушовски ќе ги затвори зимските подготовки 

По победата над Струга и поразот во Охрид, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 договорија уште една пријателска средба, со која ќе ги финишираат зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Суперлигата.

Младите избраници на Александар Зарков за свој последен противник пред почетокот на суперлигашката пролет ќе го имаат тимот на Алушовски, кој од оваа сезона се натпреварува во Првата ракометна лига. 

Натпреварот меѓу битолчани и РК Алушовски е закажан за в среда во салата „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:00 часот. 

Еурофарм Пелистер пред четири дена во Битола со убедливи 32-17 славеа над тимот на Струга, додека на гостувањето во Охрид во петокот беа поразени со 27-18.