• Мартин Танасковски

Еурофарм Пелистер 2 го претстави Божидар Илиески како ново засилување за претстојната сезона.
Средниот бек во Битола пристигнува по настапите за Прилеп и Алкалоид, клубови во кои стекна значајно искуство и се наметна како еден од перспективните македонски ракометари на својата позиција.
Во редовите на вториот тим на Еурофарм Пелистер, Илиески ќе биде важен дел од составот предводен од тренерот Ангеловски, а во клубот веруваат дека неговиот потенцијал во иднина може да му обезбеди место и во првиот тим.