• Мартин Танасковски

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 обезбеди место во финалето на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ кој се одржува во Прилеп.
Младите пелистерци славеа во мечот со Црвена Звезда, која ја добија со резултат 35-29. Уште на полувремето старо-новиот суперлигаш покажа поголем квалитет од ривалот од Србија, затоа што имаше предност од 17-11.
Тунижанецот Азиз Махфуд со десет и Ненад Белистојаноски и Христијан Митревски со по седум голови беа беспрекорни во тимот на Зарков. Во тимот на Жикица Милосављевиќ по шест гола постигнаа Урош Станиќ и Виктор Матичиќ.
Вториот меч во салата „Ристе Ристески - Ричко“ на денешната програма е меѓу екипите на Прилеп и ГРК Тиквеш (20:00 часот).

