Еурофарм Пелистер 2 потпиша со млад туниски бек

На крајот од сезоната неочекуван трансфер реализира суверениот лидер во Првата лига, Еурофарм Пелистер 2. Битолскиот клуб, кој е составен главно од млади македонски ракометари, се засили со талентиран бек од Тунис. 

Мохамед Азис е лев бек и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

„Нашето ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Африкан од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.

Мафуд веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига“, се вели во соопштението на клубот од Битола. 

Официјалното претставување е предвидено следната недела во Битола.