Еурофарм Пелистер 2 ја преслуша Струга за петти суперлигашки триумф

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се избори за победа на гостувањето кај Струга и славеше со конечен резултат 22-26 во натпреварот од единаесеттото коло во македонската ракометна Суперлига

  • Комплетниот натпревар помеѓу Струга и Еурофарм Пелистер 2: 

По истекот на првите триесет минути битолчани имаа предност од еден гол (11-12), а неизвесната игра продолжи и во второто полувреме, иако гостите постојано беа во водство од два до три гола. 

Стружани побараа тајм-аут во 47. минута при резултат 17-20 во корист на гостинот, но предноста на битолчани не се намалуваше. Времето изминуваше, пелистерци не дозволуваа лесен пристап кон својот гол и уште повеќе ја зголемија разликата, па така на крајот успеаја да го заокружат петтиот сезонски триумф и славеа со конечни 22-26. 

Најдобар поединец во победничкиот тим беше Одифред Баптист со осум голови, а на спротивната еден гол помалку имаше Ненад Костески