Еурофарм Пелистер 2 и Мултиесенс со победа стартуваа во Првата лига

Овој викенд стартуваа двете групи на Првата ракокметна лига во машка конкуренција. Домашниот терен го искористија Мултесенс и Еурофарм Пелистер 2, кои до пред неколку месеци играа во Суперлигата.

Мултиесенс го совлада Аеродром со 49-25, а битолчани славеа во Свети Николе со 23-43. 

Овче Поле - Еурофарм Пелистер 2 23-43 (13-22)

Спортска сала „Цар Самоил“ - Свети Николе
Гледачи: 100
Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов

Овче Поле:
Тодоровски 2, Игњатов, Минов 6, Димчевски 6, Димитријев 1, Станоев, Ристов 2, Стаменков 3, Стефановски, Буровски 3, Денков, Сантовски, Трајчевски, Јанев, Ѓеров, Ристовски
Седмерци: 9/6
Исклучувања: 12 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Митревски 5, Блажевски, Димитровски 1, Калајџиовски 12, Пецаковски, Фахми, Гичев 7, Ивановски 8, Југовски 2, Дрогришки 8
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути

Првите бодови ги освоија и Кичево со победата над Астраион со 38-32 и Текстилец кој ја надигра Преспа со 36-28. Во дуелот на ланските суперлигаши Скопје беше подобар од Вардар Неготино со 30-28.