Еурофарм Пелистер 2 го надигра Пролет во Скопје за трет суперлигашки триумф

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го извојува третиот триумф во македонската Суперлига, откако славеше над Пролет 62 на гостувањето во Скопје со конечен резултат 24-26. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Пролет 62 и Еурофарм Пелистер 2: 

Бевме сведоци на возбудлив меч, публиката во Скопје им даде голема поддршка на милениците, но тие не успеаја да извлечат позитивен резултат против ривалот од Битола. На паузата Пролет водеше со 14-13, но во второто полувреме дозволи добра серија на гостите, кои имаа и највисоки +4 во пресрет на последните десет минути. 

Се обиде домаќинот да се врати, стигна до 23-25 на девеесет секунди до крајот, но гостите умешно го затворија мечот во своја полза. 

Најдобар поединец кај победничкиот состав беше Одифред Баптист со шест погодоци, а во таборот на Пролет осум гола постигна Давор Палевски