Еурофарм Пелистер 2 го декласира Голден Арт и е на чекор до опстанок во елитата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се на чекор до остварување на целта – останува во Суперлигата! Битолчани во претпоследното коло извојуваа убедлива победа до 39-25 (20-15) над Голден Арт и одново се на делба на првата позиција на табелата во плеј-аутот. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт:

Натпреварот во Битола беше неизвесен само во воведните десет минути, во кои скопскиот тим го следеше чекорот на пелистерци, но потоа „зелено-белите“ презедоа сè во свои раце и немолосрдно го полнеа голот на противникот.

На полувреме беше 20-15 за Пелистер 2, а во вториот дел момците на Петровски заиграа уште поквалитетно, набрзо се одлепија на двоцифрена предност и на крај славеа со убедливи 14 гола разлика.

Најефикасни во таборот на битолскиот тим беа Белистојановски, Хаџиќ и Димитровски со по пет гола, додека за Голден Арт најпрецизен беше Шилегов со шест гола. Во последното коло Еурофарм Пелистер 2 игра против Прилеп во директен дуел за првото место во плеј-аутот.