• Горан Упале

По потписот со Божидар Илиески, Еурофарм Пелистер 2 за новата сезона ќе биде посилен со уште еден млад ракометар. Нов член на тимот кој ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски е Кристијан Симоноски, ракометар кој што ја покрива пикерската позиција.
Младиот кружен напаѓач во битолскиот состав доаѓа со една цел, да се развие во ракометар кој во иднина достојно ќе го носи дресот на првиот тим на Еурофарм Пелистер.
„Кристијан Симоноски е нов играч во Еурофарм Пелистер 2! Македонскиот репрезентативен пикер е најновото засилување за тимот на Ангеловски. Кристијан во својата кариера има настапувано за КЛ7 Струга и тимот на Алкалоид. Во Битола доаѓа со една цел, а тоа е во иднина да биде дел од првиот тим“, велат од редовите на Еурофарм Пелистер.
Во својата ера во Алкалоид Симоноски играше во ЕХФ Купот и Европската лига, а честопати се напаѓа и во поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров.
