Еурофарм Пелистер 2 договори среден бек за следната сезона

Екипата на Еурофарм Пелистер 2, предводена од тренерот Александар Јовиќ, во следната сезона ќе има нов среден бек.

Охриѓанецот Мартин Ивановски од наредната сезона ќе го носи дресот на битолскиот ракометен колектив, кој се потпира на млади и талентирани играчи во кои се гледа иднината на домашниот ракомет.

Ивановски е ракометар кој игра на позиција среден бек. Играчот настапува за тимот на Охрид, а во 2015 година беше дел и од ракометниот камп на Веспрем.

Еурофарм Пелистер 2 оваа сезона е на добар пат да игра во плеј-офот во Суперлигата и за првпат да се бори за излез во еврокуповите. Младите пелистерци веќе се во тренажен процес и одиграа две контролни средби, а тимот оваа зима го напушти младиот кружен напаѓач Стефан Андонов, кој се пресели во Скопје 2020.