Еурофарм му даде 38 гола на Прилеп и остана перфектен и по шест кола

Екипата на Еурофарм Работник продолжи да победува во македонската ракометна Суперлига и шест кола не знае за неуспех. Пред фаворитот во Битола падна Прилеп, кој беше совладан со високи 38-24 (20-9).

Битолчани уште на стартот на натпреварот отворија со 4-0 и ниту еднаш не му дозволија на противникот да се приближи на пониска разлика. До 15 минута резултатот гласеше 10-6, па со нова серија од четири гола на „фармацевтите“, Прилеп беше уште толку оставен позади (14-6). 

На паузата домаќинот имаше предност од 20-9, за вториот дел да биде само рутина. Двоцифрената разлика се одржуваше константно, а квалитетот беше очигледно дека е на страната на домаќините во салата „Боро Чурлевски“. До крајот, Еурофарм дојде до висок триумф, со кој остана перфектен и по шест кола.

Ивановиќ со десет, Стефан Талевски со осум и Србинот Ѓукиќ со седум гола беа најефикасни кај Еурофарм Работник, а Шокоски со осум гола беше единствена светла точка кај прилепчани.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0