ФОТО: Еурофарм „летна“ за Унгарија да стави печат на историскиот успех во Европа! 

Екипата на Еурофарм Работник во својот втор обид успеа да испише клупска историја на европска сцена, откако оваа сезона се избори за премиерно учество во групната фаза на ЕХФ Купот, второто по ранг ракометно натпреварување во Европа. 

Битолскиот клуб, можеби немаше многу среќа при ждрепката и за противници ги доби далеку посилните екипи на Татабања, Нексе Нашице и Хановер, но самото учество во оваа фаза е податок плус дека клубот се движи по вистинскиот пат и овој проект од ден во ден станува сè поголем и поуспешен. 

Утринава, „фармацевтите“ го започнаа последниот европски поход и „летнаа“ за Унгарија, каде против Татабања ќе стават печат на овој историски успех. Со авион од Скопје, делегацијата на Еурофарм Работник се упати за Будимпешта, од каде со автобус ќе се стационира во Ѓер, каде во прекрасната „Ауди Арена“ в недела ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза на ЕХФ Купот. 

По пет одиграни кола, македонскиот тим забележа една победа и четири порази, а во првиот дуел со Татабања запиша убедлив пораз. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2