Еурофарм ќе се одмаздува за горчливиот пораз во Шпанија

Шпанскиот прволигаш Бидасоа Ирун денес ќе му гостува на Еурофарм Работник во последното коло од групата Ц во Лигата на шампионите.

Првиот меѓусебен дуел заврши со минимална победа на Шпанците, во еден контроверзен финиш со трагичен крај за битолчани. Тоа беше уште еден во низата минимални порази за „фармацевтите“ оваа сезона, што на крај му пресуди на тренерот Стевче Алушовски, кој си замина од тренерската позиција.

Гостите вечерва нема да имаат голем притисок во „Боро Чурлевски“. Доаѓаат со обезбедено прво место во групата и пласман во следната фаза. Тоа ќе му овозможи на тренерот Јакобо Куетара да прави ротации и да им даде одмор на неколку клучни играчи, во пресрет на густиот распоред во АСОБАЛ лигата.

Еурофарм, пак, ќе се обиде да го искористи тоа за да ја запише третата победа во дебитантската сезона во најсилното клупско натпреварување во Европа. Помошниците на Алушовски ќе го водат тимот и ќе бидат пред голем тест одново да не ја разочараат битолската публика. Со оглед на недостатокот на мотивација и потребата за бодови на Бидасоа, благ фаворит на денешната средба ќе биде македонската екипа.

Натпреварот од десеттото коло во Лигата на шампионите се игра денес со почеток од 17:30 часот во Битола.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм ПелистерЕурофарм Пелистер 10 3 0 7 265:279 -14 6