ФОТО: Еурофарм ќе игра во новата арена на Спортинг, објект кој плени со убавината

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва ќе се сретнат со Спортинг Лисабон во еден од најновите и најубавите ракометни објекти во кои што играле. Новата мултифункционална сала „Жоао Роча“ е изградена во 2017 година и ја користат останатите секции на спортското друштво Спортинг Лисабон (ракомет, кошарка, одбојка, хокеј).

Ракометарите долго време бараа свој дом и пред две сезони конечни завршија работите околу изградбата на овој прекрасен објект кој се наоѓа веднаш до стадионот „Жозе Алвеладе“, каде што своите натпревари ги игра фудбалската екипа на Спортинг Лисабон - актуелен освојувач на Купот и Лига Купот на Португалија и клуб каде што настапува нашиот репрезентативец Стефан Ристовски.

„Жоао Роча“ собира 3.000 гледачи и попладнево се очекуваат околу илјада љубители на ракометот, меѓу нив и верните фудбалски фанови на „лавовите“ од Лисабон. Објектот чини нешто повеќе од девет и пол милиони евра, а архитект е Андреас Моршел.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 8 6 2 0 242:189 53 14
2 СпортингСпортинг 8 5 1 2 250:214 36 11
3 СавехофСавехоф 8 5 0 3 218:222 -4 10
4 КоксКокс 2 9 3 0 6 220:260 -40 6
5 Татран ПрешовТатран Прешов 1 8 2 1 5 201:230 -29 5
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 1 9 2 0 7 240:256 -16 4