Еурофарм ја најави сезонската продажба за Лигата на шампионите

Во пресрет на дебито на македонскиот вицешампион Еурофарм Работник во Лигата на шампионите, клубот ја најави онлајн продажбата на билетите. Таа ќе започне в среда на 11 септември 2019 година во 15:00 часот.

„Сите кои досега не успеа да купат сезонски билет за натпреварите не РК Еурофарм Работник, сеуште имаат прилика да си набават билет и да навиваат за нашата екипа на домашниот терен во Битола. Во продажба ќе бидат пуштени блок билетите кои важат и за натпреварите  од СЕХА лигата и за Лигата на шампиони. Од среда цената на овие блок влезници ќе изнесува 1.700 денари (бидејќи одигран е еден натпревар од СЕХА лигата).

Полусезонските билети за натпреварите од  Лигата на шампионите  ќе чинат 1.000 денари.

Поединечничните билети за првиот натпревар на РК Еурофарм Работник во ЕХФ Лигата на шампиони против РК Спортинг Лисабон ќе се продаваат по цена од 250 денари“, се вели во соопштението на клубот.

Битолчани неделава тренираат редовно во спортската сала „Боро Чурлевски“, а официјалната прес-конференција пред европското деби е закажана за в петок точно напладне. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СавехофСавехоф 1 1 0 0 30:25 5 2
2 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 1 1 0 0 25:23 2 2
3 СпортингСпортинг 1 1 0 0 30:29 1 2
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 1 0 0 1 29:30 -1 0
5 Татран ПрешовТатран Прешов 1 0 0 1 23:25 -2 0
6 КоксКокс 1 0 0 1 25:30 -5 0