Еурофарм инфериорен во Португалија, Спортинг вторпат подобар ривал

Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа шестиот пораз во групната фаза на Лигата на шампионите, откако попладне во Лисабон беа надиграни од Спортинг Лисабон. Вицешампионот на Португалија извојува победа од 36-26 (17-11), откако водеше во текот на сите 60 минути. 

Натпреварот започна израмнето и четири пати резултатот беше израмнет. Добрата реализација на бековите донесе 6-4 во осмата минута. Сепак, македонскиот вицешампион реагираше и благодарение на Митревски и одбраната, Маџовски израмни на 6-6 во десеттата минута. 

Педро Валдез и Марко Вујин го искористија исклучувањето на Шевелев и доенсоа +3 за домаќинот на средина од првиот дел. Предноста полека растеше и во 21. минута Спортинг поведе со пет голови предност. Целосно потона тимот на Алушовски, не функционираше ни играта седум на шест, па на пет минути до одморот Јонеа погоди за 16-8. Со добри последни три минути, битолчани на одмор заминаа со 17-11.  

Вториот дел започна во знакот на Јотиќ и по два негови прекрасни гола, Анти побара тајм-аут при 19-15 во 37. минута. Играта на македонскиот претставник личеше како на почетокот од натпреварот, а и Митревски беше расположен меѓу стативите. 

По прекрасниот цепелин на Петровски и Радовиќ во 43. минута, Еурофарм Работним намали на 23-18. Но, Шпанецот Руезга со неколку инвидуални потези го врати спокојот кај Португалците. При 29-21 гостинскиот стручен штаб повика минута одмор за да се организира финишот, но победникот веќе беше решен. Јотиќ и Остроушко го одржуваа Еурофарм Работник во живот, но поразот од 36-26 е целосно заслужен.

  • Извештај од натпреварот: 

Најефикасен поединци во тимот на Спортинг Лисабон беa Руезга и Роча со по шест погодици, а неколкумина негови соиграчи постигнаа по четири гола. Кај Еурофарм Работник се истакнаа Остроушко и Јотиќ со по осум гола, а повторно одличен беше Никола Митревски со 15 интервенции.

Во останатите натпревари од седмото коло во групата Ц, Бидасоа Ирун неочекувано одигра нерешено против Татран Прешов (27-27), а Савехоф го надигра Кокс (28-22). 

Во осмото коло следниот викенд Еурофарм Работник го пречекува Савехоф. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 8 6 2 0 242:189 53 14
2 СпортингСпортинг 1 8 5 1 2 250:214 36 11
3 СавехофСавехоф 1 8 5 0 3 218:222 -4 10
4 Татран ПрешовТатран Прешов 8 2 1 5 201:230 -29 5
5 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 1 8 2 0 6 219:233 -14 4
6 КоксКокс 1 8 2 0 6 197:239 -42 4