Еурофарм го испрати Охрид во плеј-аутот, Бутел се радува на плеј-оф

Лидерот во македонската Суперлига, екипата на Еурофарм Работник, забележа нов триумф во нашиот шампионат и во СЦ „Билјанини Извори“ славеше над Охрид (24-35), со што ги испрати „рибарите“ надвор од плеј-оф зоната.

„Фармацевтите“ ја оправдаа улогата на фаворит и ниту еднаш не му дозволија на Охрид да се закани дека може да изненади. Одбраната на тимот на Алушовски беше на ниво за време на целата средба, прими само 24 гола, а со расположен напад, се прокнижи новата победа.

Кузмановски беше најефикасен со седум погодоци, а по пет постигнаа Ѓукиќ и Граџан. Димитријески со пет гола се истакна кај Охрид.

Пелистер, пак, славеше убедливо во „пелагониското дерби“ против Прилеп (18-46). Иако припепчани се водеа како домаќини, натпреварот се играше во Битола, поради состојбата на тимот, а „зелените“ диктираа темпо за време на целата средба. Табанге со девет, Лековиќ со осум и Петров со седум погодоци беа најефикасни во таборот на тренерот Петковиќ. 

Бутел Скопје победи на гостувањето кај Радовиш (29-37) и обезбеди пласман во плеј-офот како четврти тим, заедно со Еурофарм Работник, Пелистер и Тинекс Пролет.  Мојсоски со десет и Давидовиќ и Младеновски со по седум гола беа најефикасни поединци во победничкиот тим, а кај Радовиш се истакна Илиев со 15 погодоци.

Во последниот денешен натпревар Струга пред домашната публика ја прекина победничката низа на Тинекс Пролет и во драматичен натпревар кој се реши во самиот финиш го совлада ривалот со 24-23 (11-12). Јунак на мечот беше искусниот Реваз Чантурија, кој го даде голот за триумф на домаќините. Дикаминџија со шест гола беше најефикасен кај стружани, а Мајнов со пет и Мартин Манасков со четири гола беа најефикасни кај гостите од Скопје.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0