Еурофарм ги откри цените на влезниците за СЕХА и ЛШ

Битолскиот прволигаш Еурофарм Работник ќе има големи предизвици во новата сезона. Ракометарите предводени од Стевче Алушовски ќе имаат можност да се надигруваат со квалитетни противници во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

Публиката во Битола е подготвена да гледа квалитетен ракомет, а сите заинтересирани од денес ќе можат да купат влезници на веб страницата www.kartieurofarm.mk.

Ценовник на влезниците:

- Блок полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони и СЕХА лига за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1.850 денари.
- Полусезонски билет за сите натпревари во Лига на шампиони за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1.000 денари.
- Полусезонски билет за сите натпревари во СЕХА лигата за првата полусезона (до 31.12.2019 година) – 1.000 денари.
- Единечна карта за секој натпревар посебно - 250 денари.

Онлајн продажбата на влезниците ќе започне на 22 август во 15:00 часот, додека на продaжните места во Битола на 30 август.

На 30 aвгуст онлајн во продажба ќе бидат пуштени и поединечните билети, како и блок и полусезонските билети доколку предходно количините на истите не се потрошат.