ФОТО: Еурофарм ги финишира подготовките, следат предизвиците во Струга и Добој

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник ги минута последните денови во Маврово, каде три седмици ја билда формата за претстојните предизвици во новата сезона. 

Предводникот на битолскиот клуб, Стевче Алушовски низ многу забава, но и пот, ги финишира подготовките со своите ракометари, барем кога во прашање се базичните, и сега ќе се насочи кон тактичкиот дел.

„Фармацевтите“ уште два дена ќе бидат стационирани во Маврово, а потоа ги очекуваат натпреварите од Струшкиот и силниот турнир во Добој. Претходно, во текот на утрешниот ден токму во Маврово ќе се судрат со швадскиот тим Ескилстуна, кој од в среда исто така ќе биде дел од турнирот во Струга

Ова лето Еурофарм одработи добро на трансфер-пазарот и својот ростер го засили на речиси сите позиции. Новајлии во тимот се Бојан Маџовски, Никола Митревски, Мартин Велковски, Анже Ратајац, Ловро Јотиќ, Александр Шевелев и Марин Вегар, а Битола ја напуштија Владислав Остроушко, Дејан Пецаковски, Филип Кузмановски и Горан Крстевски