Еурофарм Работник донесе ново крило, потпиша со Ѓукиќ

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник донесе ново име во своите редови и потпиша двегодишен договор со десното крило Милан Ѓукиќ.

Поранешниот ракометар на Раднички од Крагуевац, Војводина од Нови Сад, Мешков Брест, Железничар од Ниш и повремен репрезентативец на Србија, во својата кариера има богато меѓународно искуство и голем број на освоени трофеи во националните првенства и Куп натпреварувањата.

Со Мешков Брест, Борац од Бања Лука и Војводина ја освоил двојната круна, а минатата сезона 32-годишниот со Железничар го освои Купот на Србија и имаше просек од седум голови по натпревар.

Ракометарот потпиша договор со битолскиот тим до крајот на следната сезона и ќе се јави на првата прозивка на стручниот штаб.