Еурофарм без Петровски и Крстевски, но со Чурлевски против Татабања 

Новиот тренер на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски и на својот четврти натпревар во ЕХФ Купот нема да може да смета на комплетниот ростер на тимот, откако за дуелот со Татабања отпаднаа двајца клучни ракометари. 

Поради повреди, за Унгарија нема да патуваат искусниот Михаил Петровски и репрезентативецот Горан Крстевски. Првиот, сè уште заздравува од повредата здобиена против Нексе, додека Крстевски се пожалил на болки во рамото и нема да биде во можност да им помогне на соиграчите. 

Добра вест за Алушовски е враќањето на плејмејкерот Филип Чурлевски, кој по настапот за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Германија и Данска нема одиграно официјален натпревар, како и на десниот бек Невен Стјепановиќ, кој поради ситна повреда го пропушти мечот со Хановер пред пет дена. 

Дуелот меѓу Татабања и Еурофарм Работник се игра в недела во „Ауди Арената“ во Ѓер. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2