Еурофарм без мака го совлада Прилеп за нови три бода

Во заостанатиот натпревар од 15. коло од Суперлигата, ракометарите на Прилеп 2010 беа домаќини на Еурофарм Работник во салата „Боро Чурлевски“ Лидерот без поголеми проблеми се избори за триумф од 18-41 (10-21)

Условно, гостите на денешниот натпревар започнаа фуриозно и веднаш поведоа со 0-7, а на половина од првиот дел имаа предност од високи 2-12.  До крајот на полувремето избаниците на Алушовски играа рутински и на одмор заминаа со предност од 10-21.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Еурофарм Работник, кој одигра цврста одбрана и на прилепчани им дозволи само осум гола, па на крајот „фармацевтите“ славеа убедлива победа од 18-41.

Најефикасни кај Еурофарм Работник беа Димитриј Блажевски и Бобан Каковски со по седум постиганти голови, а во екипата на Прилеп се истакна Божидар Илиески со четири гола. 

Покрај новата победа во Суперлигата, на денешниот натпревар тренерот Стевче Алушовски шанса им даде на ракометарите кои имаат помала минутажа и така дополнителни ги одмори своите првотимци за претстојните предизвици во ЕХФ Купот и престанатите натпревари шампионатот.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0