Еурофарм без Чурлевски и Петровски, но со Стјепановиќ на мегдан против Хановер

Ракометарите на Еурофарм Работник попладнево во рамите на  5. коло од Б групата на ЕХФ Купот на домашен терен ќе играат против бундеслигашот Хановер.

Стевче Алушовски повторно имаше проблеми со составувањето на ростерот за овој натпревар, бидејќи во тимот на располагање нема да го има средниот бек Филип Чурлевски, како и Михаил Петровски, кој заздравува од повредата на носот од средбата против Нексе.

Во тимот за денешниот натпревар се враќаат Стјепановиќ и Пецаковски, кои исто така беа неизвесни за настап. Кај гостите за разлика од првиот меч, во тимот ќе настапи и поранешниот ракометар на Металург, Павел Атман.

Натпреварот се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток од 19:00 часот.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2