Еурофарм како брз воз мина преку Радовиш

Лидерот на ракометната Суперлига, Еурофарм Работник, одигра уште еден моќен натпревар и ја запиша својата 11-та победа оваа есен од вкупно 12 натпревари во првиот дел од домашниот шампионат.

Разиграните „фармацевти“ вечерва го наполнија голот на Радовиш за конечна победа од 25-43 (10-22) во заостанатиот натпревар поради обврските на битолскиот тим во ЕХФ Купот и двомечот со Берн

Радовишани со гол го започнаа дуелот пред својата публика за водство од 1-0, но потоа сè беше во знакот на избраниците на Чирковиќ, кои од минута во минута го зголемуваа водството кое на полувреме изнесуваше 12 разлика (10-22). Во вториот дел гостинскиот стратег им даде шанса на сите ракометари, па темпото на игра спласна, но не и разликата, која на крај достигна 18 гола.

Босанскиот интернационалец Елмир Граџан со девет гола беше водечки стрелец  на средбата, а го следеа крилото Милан Џукиќ со седум и Стефан Талевски со шест погодоци во таборот на Еурофарм Работник. Кај Радовиш, како и скоро секогаш, најефикасен беше Ивица Илиев со седум реализации.

Со 34 бода, Еурофарм Работник сега има огромни +7 пред второпласираниот Бутел и многу блиску е до математиичка потврда на првото место пред плеј-фот. Овој викенд се играат натпреварите од 13. коло, а Еурофарм Работник в сабота гостува кај Струга.

Екипата на Радовиш в недела во 18:00 часот го пречекува тимот на Прилеп и тоа е идеална шанса за нови суперлигашки бодови.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1