• Иван Димовски

Во текот на денешниот ден се играат натпреварите за пласман на Супер Глоб. На завршниот ден се распределуваат медалите, а пред кулминацијата и главните средби, се одигра распределбата за финален пласман.
Петтото место на Супер Глоб го освои екипата на Есперанца Тунис, откако ја доби драмата со Ал Калеј (30-31). Тимот кој вчера ја шокира Бенфика, денес немаше сили за нов подвиг и го „положи оружјето“ против Тунижаните. Португалскиот тим пак, во мечот за седмата позиција на турнирот беше убедлив и го совлада Таубате со 32-27 (17-18).
Единствениот тим кој имаше македонски претставници, Мудхар од Саудиска Арабија убедливо загуби од Ал Куваит со 18-34 (5-20). Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски имаше еден удар кон голот на победникот, ама не постигна погодок. Избраниците на Кастратовиќ со овој пораз го освоија десеттото место. На стартот на денот Сиднеј Универзитет со 33-29 го совлада Министрос и заврши како единаесети.