• Саше Љолес
Ракометарките на Есбјерг извојуваа гостинска победа кај екипата на ДВСЦ Шефлер (29-32) во натпреварот од четвртото коло во женската Лига на шампиони.
Мечот од групата А донесе прилично неизвесен ракомет, а гостинскиот тим ја завери победата со подобра игра во второто полувреме, кога имаше и највисоки +5 голови предност. На паузата Есјбјерг водеше со резултат 14-15, а потоа одигра одлично и заслужено ги освои бодовите.
Најефикасна ракометарка во победничкиот тим беше Табеа Шмид, која имаше максимален ефект и постигна осум гола од исто толку удари, а на спротивната страна шест голови забележа Србинката Јована Јововиќ.
Во истата група денес се сретнаа и екипите на Борусија Дортмунд и Сторхамар, а победата исто така замина кај гостите, кои славеа со конечни 22-26.
За Сторхамар ова беше втора победа во групата, додека Дортмунд останува на само еден триумф.



