Есбјерг до мала утеха и победа во „малото финале“ на ЛШ

Ракометарките на Есбјерг славеа во малото финале на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта против Мец со 30-27 (17-16). Данките со триумф добија мала утеха по тесната елиминација од Ѓер во полуфиналето. 

Французинките влегоа подобро во натпреварот, имаа стартна предност и делуваа сигурно. Сепак, во вториот дел на првото полувреме Есбјерг се наметна и поведе со 16-11, но се опушти и на пауза се замина со 17-16. 

И во вториот дел Мец имаше добри моменти, водеше највисоко со два разлика, а последно 24-25. Во завршницата повеќе концентрација имаше данскиот состав кој си направи комфорна предност и се радуваше на победата. 

Најефикасна ракометарка на мечот беше Хени Рајстад со осум реализации, додека седум од Есбјерг даде Мелер. Во таборот на Мец шест пати погодуваше Буктит.

ФОТО/PHOTO: EHF Champions League/Twitter