ВИДЕО: „Ер Вардар“ пак полета – Скубе со цепелин ја реши Ал Вехда

Европскиот и македонски првак Вардар на Супер Глоуб игра солиден натпревар против Ал Вехда, а најтрактивниот погодок го постигна Сташ Скубе.

Во средината на вториот дел, вардарци им продадоа „цепелин“ на ривалите. Акцијата почна од Атман, тој го проигра Чупиќ, а хрватското крило забележа дека Сташ Скубе е сам и дека може да го проигра за да заврши.

  • Цепелинот на Вардар против Ал Вехда:

Словенечкиот репрезентативец кој е најнизок во таборот на Вардар полета во воздух и атрактивно ја заби топката во мрежата на тимот од Саудиска Арабија.