„Ер Македонија“ повторно полета: Крилата режираа атрактивен цепелин! (ВИДЕО)

Македонија има перфектен старт на натпреварот против Словенија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Публиката во СЦ „Јане Сандански“ уште во првата четвртина од натпреварот беше сведок на две мајстории. Откако Марко Митев даде гол со „шрауба“, следеше и цепелин во режија на двете крила. 

<<< - ПОВРЗАНО - Мала магија на Митев: „Шрауба“ за Словенците во Скопје! (ВИДЕО)

Крилата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Ненад Костески и Цветан Кузманоски добро се прочитаа, па летна топка од десно кон лево и заврши со гол. 

Овие цепелини беа сериозна пракса на Македонија во минатото, а убаво е да се види како „Ер Македонија“ повторно полета.