ВИДЕО: „Ер Македонија“ полета и во Минхен – еве го цепелинот на браќата Лазарови!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската ракометна репрезентација го отвори Светското првенство со триумф над Јапонија, а еден од поубавите голови на мечот беше цепелинот на браќата Филип и Кирил Лазаров.

Во финишот од средбата, Кире навлече неколку јапонски репрезентативци врз себе, а дека има простор да влета забележа Филип. Постариот Лазаров веднаш го проигра помладиот, а тој од прва изведе цепелин и ја смести топката во мрежата на „самураите“.

Погледнете го голот кој измами аплаузи во Минхен:

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0