ВИДЕО: Епската асистенција на Карачиќ до Стоилов најатрактивна на сезоната во ЛШ! 

И еден месец од новиот голем успех на Вардар во Келн, не стивнуваат признанијата за вардаровите херои. 

Ако пред неколку дена Кристопанс беше избран за најдобар за месец јуни, денес Европската куќа на ракометот ја избра најатрактивната асистенција на сезоната, а очекувано таа повторно доаѓа од редовите на Вардар. Епското додавање на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов во финалето против Веспрем засекогаш ќе биде запаметено во ракометната историја.

Асистенцијата на Карачиќ до Стоилов: