Следното Европско првенство во четири скандинавски града, финалната фаза во Хернинг

Во следните две години, најдобрите машки ракометни селекции од Европа и светот своите квалитети ќе ги покажуваат во Скандинавија. Светскиот шампионат кој што на програмата е во јануари во 2025 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска, додека домаќини на следниот континентален собир во 2026 година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска.

На денешната прес-конференција во седиштето на ЕХФ во Виена беа откриени и градовите во кои ќе се играат сите натпревари од Европското првенство. Домаќините ќе бидат  Осло, Хернинг, Малме и Кристијанштад

Најмалку натпревари ќе се одиграат во Кристијанштад, само од групата Ф, Осло ќе биде домаќин на групите Ц и Д, додека селекциите од групите А и Б ќе се натпреваруваат во Хернинг. Во Малме за пласман во главната фаза ќе се борат селекциите од групата Е, а во истиот град и плус Хернинг ќе се играат натпреварите од главната фаза. Завршницата ќе се одржи во Хернинг. 

Македонија има реални шанси да се најде на овој собир, бидејќи од квалификациската група директен пласман ќе обезбедат првите две селекции, како и најдобрите четири третопласирани селекции. По две одиграни кола во групата во која уште учествуваат Естонија, Литванија и Словенија, Македонија има една победа и еден пораз.