• Мартин Танасковски
Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги извлече групите за претстојното Европско првенство (ЕП) кое на почетокот на 2026 година ќе се игра во три скандинавски земји - Норвешка, Данска и Шведска.
Нашиот национален тим го продолжи континуитетот, се пласира на 15. голем шампионат во низа, а на ждрепката беше во третиот шешир. Извлекувањето посака Македонија да се најде во групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија.
- ГРУПИ НА ЕП 2026:
Група А (Хернинг, Данска): Германија, Шпанија, Австрија, Србија
Група Б (Хернинг, Данска): Данска, Португалија, Македонија, Романија
Група Ц (Осло, Норвешка): Франција, Норвешка, Чешка, Украина
Група Д (Осло, Норвешка): Словенија, Ф. Острови, Црна Гора, Швајцарија
Група Е (Малме, Шведска): Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија
Група Ф (Кристијансанд, Шведска): Унгарија, Исланд, Полска, Италија
Првата фаза ќе се игра во четири градови, додека втората фаза каде патуваат најдобрите две во секоја група, ќе се одржи во Хернинг и Малме. Завршните натпревари се играат исто така во дански Хернинг.
Европското првенство во Норвешка, Данска и Шведска ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Бранител на тронот е Франција која во последното финале ја совлада Данска, а третопласирана беше Шведска.