ЕП 2012: Србија падна во Белград, Лазаров обезбеди борба за петто место (ВИДЕО)

Веќе подолг период ракометната репрезентација на Македонија е дел од елитата и редовен учесник на континенталните и планетарните собири. Сè започна во 1998 година, кога историската генерација предводена од Пепи Манасков за првпат ја претстави Македонија на светската ракометна мапа и учествуваше на Европското првенство во Италија

Од тогаш, започнува македонската ракометна приказна, која од година во година, од генерација во генерација се усовршуваше и својот врв го достигна во 2012 година. Европското првенство во Србија засекогаш ќе биде врежано во македонските срца, не само заради историското петто место, туку и поради испуштената шанса за првпат да играме во едно полуфинале. 

На тој собир нашите ракометари во Ниш, а потоа и во Белград се чувствуваа како дома. Трибините беа претесни за македонската фаланга, а Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Алушовски, Ангеловски, Темелков и останатите пулени на селекторот Звонко Шундовски изгинаа на паркетот и одиграа незаборавен турнир, кој уште долго време ќе се прераскажува.

<<< ПОВРЗАНО - Патот до петтото место на ЕП во Србија: Ремито со Шведска беше најава за историскиот успех (ВИДЕО)

<<< ПОВРЗАНО - Патот до петтото место на ЕП во Србија: Германија едвај нè победи, па се радуваше како за медал (ВИДЕО)

<<< ПОВРЗАНО - Патот до петтото место на ЕП во Србија: Миркуловски „изгина“, Чешка удри во македонскиот ѕид (ВИДЕО)

<<< ПОВРЗАНО - Патот до петтото место на ЕП во Србија: 13-ка за Лазаров, Данска ни го нанесе најболниот пораз во историјата (ВИДЕО)

<<< ПОВРЗАНО - Патот до петтото место на ЕП во Србија: Борко ја „спушти ролетната“, Македонија ја реши Полска (ВИДЕО)

Иако шансите за пласман во историското полуфинале без загубени по поразот од Данска, нашите ракометари професионално си ги завршија обврските во втората групна фаза и по победата над Полска, во последното коло падна домаќинот Србија, со резултат 22-19. Лазаров повторно беше на ниво и со десет гола ја наполни домашната мрежа, а одличен натпревар на турнирот одигра Ванчо Димовски, автор на три постигнати гола. 

  • Најдобрите моменти од натпреварот Србија – Македонија: 

Кирил Лазаров со десет гола беше најпрецизен во македонскиот табор, три постигна Димовски, по два имаа Филип Лазаров, Стоилов и Мојсоски, додека по еден запишаа Алушовски, Златко Мојсоски и Темелков.

Составот на Македонија против Србија: 
Борко Ристовски, Петар Ангелов; Стевче Алушовски, Дејан Манасков; Златко Мојсоски, Влатко Темелков; Бранислав Ангеловски, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков; Ацо Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов и Ванчо Димовски
Селектор: Звонко Шундовски