Ентрериос верува во Кушан, Хрватот доби нов договор во Лимож

По учеството на Европското првенство, каде со хрватската репрезентација го освои единаесеттото место, Томислав Кушан го продолжи договорот со Лимож на уште една година, што значи дека во овој клуб ќе остане најмалку до летото 2025 година.

Поранешниот кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер пристигна во Франција пред сезоната 2022/23 од Вецлер. а претходно настапуваше за Натурхаус Ла Риоха, Пореч, Медвешчак и битолскиот суперлигаш.

На неодамна завршеното Европско првенство Кушан на пет натпревари постигна девет гола. Во Лимож е 18 месеци, каде на 44 натпревари постигна 112 гола. Тренерот Алберто Ентрериос има голема доверба во него, што резултираше со продолжување на соработката.