Емотивни сцени во Португалија, Митревски и Порто првпат во ЛШ без Кинтана (ВИДЕО)

Ракометниот свет се прости од голманот на Порто, Алфредо Кинтана и во натпреварите од Лигата на шампионите секаде се оддаде почит со минута молк пред стартот на пресметките. 

Сега, својот прв натпревар по губењето на својот соиграч го има и Порто, кој игра како номинален гостин во својата арена против Елверум. Николче Митревски и соиграчите оддадоа почит на починатиот Кинтана, со транспарент, детали на дресот и минута молк, а очекувано атмосферата не беше пријатна и играчите беа емотивни.