Емоции до небо во „Автокоманда“: Почивај во мир, Џамбо...

Пред стартот на натпреварот меѓу екипите на Металург и Бутел Скопје во „Автокоманда“, имаше еден емотивен момент, во чест на трагично починатиот голман Никола Даниловски.

24-годишниот репрезентативен голман беше пронајден удавен во Охридското езеро, а сите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи. Слична беше ситуацијата и во „Автокоманда“, каде Даниловски го мина најголемиот дел од кариерата.

„Почивај во мир Џамбо“, стоеше на транспарентот кој ракометарите на двата тима го држеа пред мечот. Се одржа и едноминутен молк во негова слава.

Со едноминутно молчење почнаа и натпреварите меѓу Пролет и Вардар, односно Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер.