Емилијан Ѓорговски успешно опериран, го пропушта стартот на плеј-офот

Македонскиот ракометен репрезентативец Емилијан Ѓорговски успешно е опериран од повредата и го чека пауза поради која ќе го пропушти стартот на плеј-офот.

Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер кој игра и за првиот и за вториот тим имаше повреда на менискусот на коленото и непосредно пред стартот на разигрувањето за титулата и за Европа реши да легне „под нож“.

Засега нема информации колку Ѓорговски ќе отсуствува од терените, но досега овие операции барале пауза од најмалку два месеци, што значи дека тој би се вратил во месец март или на почетокот на април.