Елверум се подготвува за спектакл: ПСЖ ќе руши апсолутен рекорд

Елверум

На почетокот на септември ќе започне новата сезона во Лигата на шампионите која би можела да има специјално значење за норвешки Елверум.

Екипата на Микел Апелгрен се подготвува да сруши апсолутен рекорд на посета и тоа за време на гостувањето на ПСЖ. Раул Гонзалез и неговите ракометари се причината поради која веќе се продадени 8.800 влезници за овој дуел во салата „Хаконс“ во Лилехамер.

Доколку се исполнат очекувањата, конечно ќе падне рекордот од 1999 година, кога големо внимание привлече финалето на Светското првенство меѓу Норвешка и Франција.

Натпреварот се игра на 28 септември во рамки од третото коло од групата А.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 10 9 0 1 356:278 78 18
2 ПИК СегедПИК Сегед 1 10 8 1 1 297:251 46 17
3 ПСЖПСЖ 1 10 8 0 2 314:277 37 16
4 АлборгАлборг 10 5 0 5 302:311 -9 10
5 ФлензбургФлензбург 10 3 1 6 265:274 -9 7
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 10 3 0 7 251:302 -51 6
7 ЕлверумЕлверум 1 10 1 1 8 258:294 -36 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 1 10 1 1 8 238:294 -56 3