• Иван Димовски
Македонскиот фудбалски репрезентативец Ељиф Елмас го освои трофејот во Серија А со Наполи. Сепак, асот на „партенопеите“ не е единствен македонски спортист со титула во Италија оваа сезона.
Дарио Петровски стана ракометен првак на „чизмата“, откако со својот Фасано дојде до трофејот и место во Европската лига на ЕХФ. Фасано во финалето играше мајсторка со Сасари и ја доби со 35-32, по што ја затвори серијата со 2-1. Фасано со Петровски во тимот ја освои својата четврта шампионска титула, а сите се во претходната деценија. Оваа екипа беше првак и во 2014, 2016 и 2018 година.
Пред да дојде во Италија, битолчанецот настапуваше за Гвадалахара.