Елена Петковска од Металург потпиша двегодишен договор со полскиот Лублин

20-годишната Елена Петковска се реши да замине од тимот на Металург и својата кариера да ја продолжи во полскиот шампионат.

Нов клуб на десното крило на македонската репрезентација ќе биде Селгрос Лублин. Нашата ракометарка со полскиот вицешампион потпиша договор на две години.

Со потписот во клуб кој има високи амбиции нашата ракометарка ќе има можност да се подигне на повисоко ниво, од кое сигурно бенефит ќе има и репрезентацијата на Македонија.