• Мартин Танасковски

Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ направи повторно тест за ковид-19 и истиот е негативен, соопштија од екипата.
Бекот на нашиот национален тим пред седум дена беше меѓу позитивните случаи во овој клуб, а откако го мина периодот на самоизолација, тестот бил повторен, па резултатите биле негативни.
Нејзината авантура во тимот започна оваа година, откако одлучи да пристигне од редовите на Рапид Букурешт. Претходно играше за ЦСУ Данубиус, а ја започна кариерата во Металург.