• Мартин Танасковски
Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ ја промени средината, но не ја менува земјата затоа што и понатаму ќе игра во Романија.
Девојката која настапува на левата бековска позиција и има 26 години во следниот период ќе ги брани боите на ЦСМ Слатина. Минатата сезона таа ја мина во романска Глорија Бузау, но сега ќе игра за нов клуб во романскиот ракометен шампионат.
Романскиот ракомет не е енигма за Ливриниќ, затоа што ова ќе биде четврти клуб во земјата за кој настапувала. Покрај за Глорија Бузау, таа играше и за Рапид Букурешт и Галаци.