Елена Ѓорѓиевска се враќа во Романија, ќе игра за освојувачот на ЕХФ Купот

Капитенот на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска во новата сезона ќе биде дел од Мунисипал Крајова. Романскиот тим го освои Купот на ЕХФ, откако беше подобар во два меча од норвешкиот Кристијансанд.

Ѓорѓиевска втора сезона е член на унгарскиот Фехервар, но не го продолжи договорот со овој тим. Ова практично треба да биде враќање за десниот бек во Романија, бидејќи пред три сезони беше член на Баја Маре. 

Во Македонија, Ѓорѓиевска беше член на Еуростандард ЃП, Кометал ЃП и Вардар, а играше и за поранешниот европски шампион Будуќност.