Елефсен: Навивачите беа многу гласни, беше забавно да се игра во Битола

Германски Кил, потешко од очекуваното, запиша нови бодови на своето конто во Лигата на шампионите. 

Шампионот во Бундеслигата се препоти против Еурофарм Пелистер, а еден од најдобрите поединци на „зебрите“, Елиас Елефсен, беше одушевен од атмосферата во битолската сала и истакна дека жали што не поминаа како што очекуваа.

„Навивачите беа многу гласни, беше забавно да се игра овде. За жал, не поминавме како што се надевавме. Но, на крајот победивме. И тоа е она што беше важно денес“, рече Елефсен.

Кил со оваа победа останува перфектен во групата со три победи од исто толку натпревари, додека Пелистер го забележа третиот пораз.