ЕЛ ждрепка за Ф4: Кил ги избегна бундеслигашките ривали

Ждрепката за завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ донесе возбудливи полуфинални, кои ќе се одржат на 30 и 31 мај во „Барклејс арена“.

Во првото полуфинале силите ќе ги одмерат екипите на Монпелје и Кил, додека во второто ќе се соочат Мелсунген и Флензбург.

Полуфиналните натпревари се закажани за 30 мај со почеток во 12:30 и 15:30 часот, додека големото финале ќе се одигра наредниот ден. Германскиот тим Флензбург ќе атакува на трета последователна титула, што дополнително ја зголемува драмата во завршницата.

Се очекува спектакуларен ракометен викенд во Хамбург со четири врвни европски екипи во борба за трофејот.