ЕЛ: Реми на Тулуз и Адемар Леон, убедливи победи за Фуксе и Монпелје

Еден натпревар се одигра во групата на Металург од Европската лига, а во него Тулуз и Адемар Леон го поделија пленот (28-28) и се изедначени на табелата.

Гостинот имаше убедлива предност од четири гола во вториот дел (18-22), ама ја испушти. Тулуз изедначи на 22-22 и оттогаш беше неизвесно. Во последни моменти од средбата, Адемар Леон се спаси од пораз.

  • Тулуз - Адемар Леон 28-28:

Осум гола кај Тулуз постигна Абди, пред Илиќ со пет, додека кај шпанскиот претставник осумкратен стрелец беше Лучин, пред Перез со седум гола. 

Од групата А одложени се мечевите Висла Плок - Чеховски Медведи и Металург - Фиверс.

На останатите натпревари, во групата Б, Фуксе Берлин беше убедлив со Татран Прешов (35-27), Спортинг победи кај Кристијанштад (27-32), додека Динамо Букурешт беше поуспешен од Ним (29-27).

  • Динамо Букурешт - Ним 29-27:

  • Фуксе Берлин - Татран Прешов 35-27:

  • Кристанштад - Спортинг Лисабон 27-32:

Во групата Ц, Монпелје како фаворит го прегази Бешикташ (40-16), Магдебург на големо изненадување загуби од Алингсас (29-30), а ЦСКА Москва беше сигурна против хрватски Нексе (29-18).

  • Монпелје - Бешикташ 40-16:

  • ЦСКА Москва - Нексе Нашице 29-18:

Во групата Д се одигра само натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер и истиот заврши со сигурна победа на фаворитот во групата (28-20).