Експлозија на Атман и Дибиров, Вардар директен четвртфиналист во СЕХА

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар прокнижи нови посакувани СЕХА-бодови и на гостувањето кај Војводина дојде до триумф (33-35) во дуел во кој блескаше во последните петнаесетина минути.

„Црвено-црните“ се намачија за да дојдат до посакуваниот резултат, а голема заслуга за тоа има голманот Калифа Гедбан кој се разбрани во финишот, како и Павел Атман кој го одигра најдобриот натпревар во дресот на вардарци и заврши со двоцифрен учинок кога се работи за головите.

Српскиот првак подобро тргна во мечот со Вардар и повеќе од полувреме го мачеше евроспкиот шампион. Вардар имаше проблеми во одбраната, лесно примаше голови, а името кое правеше главни проблеми беше Милош Грозданиќ.

Војводина константно водеше од десеттата минута па натаму, кога од 6-6 се одлепи на 9-6, а Вардар бркаше. Избраниците на Кокшаров во еден момент изедначија (10-10), Арсениќ влезе во ритам, фати две топки, па на својот тим му донесе 14-11.

Домаќинот ја задржа предноста и до паузата (20-16), а константно водеше до 37. минута, кога Вардар почна да игра како што му доликува. Македонскиот тим прво изедначи на 24-24, Атман блескаше на теренот, а за првпат по долго време се поведе со 28-29, а потоа и 29-31. Разликата од два гола стоеше и на три минути пред крајот (31-33), доволна залиха на голови за триумф во Нови Сад.

  • Играч на натпреварот: 

Прв стрелец кај Вардар беше Дибиров со 11 гола, а Атман постигна десет, додека голманот Калифа Гедбан имаше седум одбрани, од кои шест во вториот дел. Кај Војводина, Грозданиќ запиша 11 гола.

  • Извештај од натпреварот: 

Со оваа победа Вардар е лидер во групата во СЕХА и осигура место кое води директно во четвртфиналето на регионалното натпреварување, на две кола пред крајот на првата фаза.