• Мартин Танасковски

Шпанскиот стратег Тони Херона ќе ја води Јапонија на Светското првенство (СП), но се соочува со проблем затоа што ќе мора да биде без двете ѕвезди. Една од нив е екс-вардарецот Косуке Јасихура, кој, според зборовите на селекторот во подкаст за „Хендбол Планет“, барал пари да игра за националниот тим.
„На ова Светско првенство имаме само осум играчи од селекцијата на ЛОИ. Некои се повредени, а причината е што не играат во професионални тимови во земјата. Јасухира и Јошида бараат пари за да играат за националниот тим. Се обидов да им објаснам - „момци, ова е репрезентација“. Тие се млади и се надевам дека ќе го променат мислењето. Имаме десет играчи без интернационално искуство. Тимот е два чекори назад кога говориме за квалитетот и искуството од оној тим што играше заедно на ЛОИ“, изјави Херона.
Во моментов Косуке Јасихура игра во Кувајт, а претходно покрај за Вардар, во европскиот ракомет играше и за Висла Плок од Полска и Ним од Франција.